Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
Манчестер Јунајтед беше исвиркан откако загуби со 1-0 во пријателски натпревар против АСЕАН Ол Старс во Куала Лумпур.
„Црвените ѓаволи“ патуваа повеќе од 10.000 км за да одиграат два натпревари во Азија само неколку дена по завршувањето на сезоната во Англија. На нивната прва посета на Малезија од 2009 година, тие играа пред повеќе од 72.000 навивачи, но ги оставија навивачите разочарани.
-Откако сум во клубот, секогаш се чувствував виновен за перформансите на тимот. Свиркањето може да биде нешто што ни треба бидејќи секој натпревар што го изгубивме во Премиер лигата, навивачите беа зад нас. Да видиме дали тоа ќе биде случај и следната сезона, рече Рубен Аморим по натпреварот.
Португалецот одби да потврди дека клубот ќе го потпише Матеус Куња од Вулверхемптон.
-Мора да почекате. Немам вести. Ќе видиме, но ќе има некои промени, додаде Аморим.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалерки со бод од гостувањето во Летонија ја завршија Лигата на нации
-
Гостиварчанец ја нападнал својата вонбрачна сопруга со метален предмет, а потоа ја силувал
-
Уапсен прилепчанец, криумчарел 13 кг тутун и текстил
-
Од актерство се живее ако многу се трудиш | Антонио Ташковски | ПРОфесија | Sitel Podcast 096
-
Утре без вода Чаир, Топанско Поле, Автокоманда, Железара, Бутел и Визбегово
-
Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор
-
Трамп: Кина не го почитува договорот за царините
-
Јаневска очекува државна матура без проблеми, упати пораки до учениците и до тестаторите