ЈСП: Од утре изменет сообраќаен режим на автобуските линии 4А, 5, 5А и 24
Поради градежни зафати и затворање на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, на потегот од кружниот тек до крстосницата со булевар „Св.Климент Охридски“, линиите 4А, 5 и 5А од утре ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот. Додека, во Кисела Вода, поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи, изменет сообраќаен режим од утре ќе има и линијата 24.
Како што информираат од Јавното Сообраќајно Претпријатие Скопје, затворањето на улицата ќе се одвива фазно.
Во првата фаза, ќе бидат затворени само сообраќајните ленти во правец кон Ѓорче Петров. Во таа фаза, возилата од центар, од улица „Димитрие Чуповски“, ќе вртат лево по булевар „Св.Климент Охридски“, кај Дом на печат ќе вртат десно по улица „Св.Кирилј и Методиј“, па на кружниот тек ќе продолжуваат по своите редовни траси.
При посочениот режим, како времена автобуска постојка во правец кон Ѓорче Петров, ќе се користи просторот кај металните косини на тротоарот кај АМСМ.
Во втората фаза, ќе бидат затворени сообраќајните ленти од кружниот тек кон централното градско подрачје.
Во таа фаза, возилата од кружниот тек ќе продолжуваат по улица „Св.Кирил и Методиј“, кај Дом на печат ќе вртат лево по булевар „Св. Климент Охридски“, потоа ќе продолжуваат по улица „Димитрие Чуповски“ по своите редовни траси.
При посочениот режим, како времена автобуска постојка ќе биде делот после крстосницата со улица „Народен фронт“, односно третата канделабра после крстосницата.
Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, сè до завршување на градежните работи на улицата која е дел од редовната траса на линиите 4А, 5 и 5А
Линијата 24 во реонот на Кисела Вода поради затворањето на улица „Димо Хаџи Димов“, од вкрстувањето со улица „Божидар Аџија“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, на која ќе се изведуваат градежни работи, исто така, од утре ќе има изменет сообраќаен режим.
Во правец од Центар кон Кисела Вода, од улица „11 Октомври“ (постојка Зелен пазар) возилата ќе продолжуваат право по улица „11 Октомври“ по траса на линија 58, па по улица „Борис Трајковски“ до вкрстувањето со улица „Народни херои“, потоа ќе вртат десно по улица „Народни херои“, на семафорот ќе вртат лево и ќе продолжуваат по својата редовна траса.
На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58.
Во обратен правец, од Кисела Вода кон Центар, возилата ќе сообраќаат по трасата на линија 58 се до крстосницата со булевар „Кочо Рацин“, потоа ќе продолжуваат по својата редовна траса.
На изменетата траса возилата ќе ги користат постојките од линија 58.
Изменетиот режим ќе важи во наредниот период, сè до завршување на градежните работи на улиците кои се дел од редовната траса на линија 24.
Ново на Сител
-
Муцунски од Блед: Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални прашања
-
Приведен 29 годишен кавадарчанец, управувал возило со 2.67 промили алкохол во крвта
-
Приведен 31-годишник од Куманово, предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“
-
Приведен 25-годишник од Кавадарци, возел со 217 километри на час на место каде е дозволено 120
-
Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо
-
Два турски Ф-16 прелетале меѓу грчките острови Родос и Кастелоризо
-
Поранешниот директоро на АНБ, Виктор Димовски, тврди дека Мицкоски не бил следен и прислушуван во негово време
-
Романските власти предупредија дека е можно објекти да паднат од воздух поради руски напад врз Украина