ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе миење на полуподземните контенјери
ЈП Комунална хигиена - Скопје спроведе миење на полуподземните контенјери наменети за одлагање комунален отпад, известуваат од претпријатието.
Како што соопштија, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на изминатите неколку дена вршела дежурства и надзор на улицата Петар Манџуков во близина на пазарот во скопската општина Бутел, како и на уште неколку локации каде што е забележано континуирано непрописно одлагање отпад надвор од наменски поставените садови во општините Карпош и Чаир.
- Изготвени се и повеќе едукативно-информативни записници за лица коишто се затекнати при одлагање кабаст и градежен отпад на јавни површини во општините Аеродром и Гази Баба, потврдија од претпријатието.
Од почетокот на неделава, како што соопштија, екипите на Претпријатието подигнале вкупно 50 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани зад Народната банка, на улицата Бајрам Шабани- во близина на ООУ "Тефејуз", како и на повеќе локации во населбата Скопје Север.
ЈП Комунална хигиена - Скопје нагласи дека деновиве реализираа и комплетно миење на сите полуподземни контејнери поставени на шест локации во општината Карпош, вклучително со нивните микролокации.
Ново на Сител
-
Германскиот канцелар го осудува „агресивното однесување“ на Русија во Полска
-
Русија ја обвини Полска за „ширење митови“ околу упадот на дронови
-
Трамп го коментира нарушувањето на полскиот воздушен простор
-
Европарламентот ги осуди „обидите на Русија за дестабилизација на Молдавија“
-
Пратеничките групи во ЕП со противречни оценки за обраќањето на Фон дер Лајен
-
Приведени две лица од струшко, при претрес во нивните домови пронајдена е дрога | ФОТО
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор