Македонија
30. January 2019 - 11:42

ЈП „Комуналец“ нов сервисер на уличното осветлување во Битола

Советот на општина Битола донесе одлука за пренесување на правото на сервисирање и тековно одржување на електричната мрежа за уличното осветлување на подрачјето на општина Битола за град Битола, на ЈП ,,Комуналец“-Битола.

Од општинскиот Совет информираат дека со одлуката завршува досегашниот ангажман на приватни фирми и се очекува поефикасно и подобро улично осветлување во градот.

-Подготвени сме за овој нов предизвик на претпријатието, од денеска почнуваме со скрининг на теренот за да ја добиеме реалната слика и да ја реализираме одлуката на Советот на општина Битола. Знаеме дека има локации во градот што не се доволно осветлени, ќе внесеме нов тип осветлување и брза замена на прегорени сијалици, истакна Панде Богоевски, директор на ЈП „Комуналец“-Битола.