ЈП Градски паркинг работи на решавање на хаосот со паркирањето на Клинички Центар

На средбата, како што соопшти денеска ЈП Градски Паркинг – Скопје, беа посочени клучните проблеми и се изнајдоа првичните решенија за решавање на проблемот.
-Уште од понеделник на влезот на парлиралиштето на Клинички Центар ќе бидат дополнително распоредени тројца вработени во ЈП Градски Паркинг – Скопје, кои во координација со постојните вработени ќе ги пренасочуваат граѓаните кои влегуваат на паркиралиштето за тоа каде и дали има слободни паркинг места, се наведува во соопштението.
Од ЈП Градски Паркинг – Скопје апелираат до граѓаните, паркинг просторот да се користи доколку е навистина неопходно поради користење на услуги од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, а на располагање е и алтернативниот превоз преку автобуските линии. Во овие моменти на пандемија, претеран метеж на паркингот се создава дополнителни тешкотии и за здравствените работници.
Во исто време, од ЈП Градски Паркинг – Скопје апелираат да се користат паркоматите за плаќање, за да се избегне гужвата пред пунктовите за наплата.
-Во периодот што следува ЈП Градски Паркинг ќе постави и дополнителни патокази за известувања со цел подобра организација на паркинг просторот. Ќе следува и иницијатива за средба со раководството на Клинички Центар за заеднички да се изберат најдобрите решенија за паркингот, се додава во соопштението.
Јавното паркиралиште „Клинички центар“ располага со 832, паркинг места, пет паркинг места за лица со попреченост и четири паркинг места резервирани за мајки со дете. Во моментов се издадени околу 2200 паркинг дозволи за категорија ВРАБОТЕН во правен субјект. Имајќи предвид дека работното време на Клиничкиот центар се одвива во три смени, вработените кои се стекнале со дозвола за паркирање не ги користат услугите во исто време.
-Бидејќи се работи за јавно паркиралиште, во склоп на Клинички центар, истото е наменето за потребите на пациентите кои користат здраствени услуги на клиниките, влезот на бројот на возила не е возможно да се регулира според капацитетот на паркиралиштето и заради тоа не може да се ограничи бројот за влез на возила како на другите јавни паркиралишта, се додава во соопштението.
Од ЈП Градски Паркинг -Скопје посочуваат дека на јавното паркиралиште во Клиничкиот центар ЈП Градски паркинг Скопје има распределено вработени со работно време од понеделник до петок од 08 до 15 часот задолжени исклучиво за регулирање на сообраќајот внатре на паркиралиштето и на сервисните улици.
ЈП Градски паркинг Скопје, на јавното паркиралиште во склоп на Клинички центар има поставено два пункта за наплата од кои едниот работи 24/7 и од него се врши мониториг на влезно-излезни терминали. Исто така претпријатието има поставено и два паркомати на различни локации кои се видно обележани, со упатство за користење на три јазици.
Ново на Сител
-
ЕУ нема ,,план Б" за европските интеграции на Македонија - Кошта вели: Што е договорено, е договорено
-
Таравари со оставка од министер, Вреди направи пратеничка група без Алијанса
-
Крешник Бектеши оди во куќен притвор
-
ДЗР: 457 лица загинале за 4 години во сообраќајки, пишани над 86 илјади казни за возење без дозвола
-
И државна помош и работа – се крои нов закон за социјалците
-
СДСМ: Цените растат – власта нема решение
-
Над 26 милиони рецепти реализирани во 2024 – стануваме поболна нација или хипохондрици?
-
Во Македонија младите се помалку се едуцираат за семејните вредности