Јозхан: Анкара нема да ги лиши САД од пристап до базата Инџирлик, ако Ѓулен не биде екстрадиран
Анкара нема намера да ги лиши САД од пристап до воената база Инџирлик, во случај Вашингтон да одбие да го екстрадира исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е обвинет за организирање на обидот за преврат на 15 јули, јави ТАСС.
Ова мислење го изрази вчера пред новинарите во Њујорк претседателот на комисијата за надворешни работи во турскиот парламент, Тахи Јозхан, кој е од владејачката Партија на правдата и развојот.
Јозхан изјави дека, објавите на медиумите на таа тема се „чисти шпекулации“, како и тврдењата за можното излегување на Турција од НАТО.
- Турција никогаш не се служела со слични евтини тактички трикови во минатото, истакна пратеникот.
Според неговите зборови, за да направи Анкара таков чекор, треба да се случат многу вонредни настани.
Пратеникот нагласи дека прашањето за забранување на пристап на САД во базата никогаш не било разгледано.
Како што вели Јозхан, информацијата во медиумите за тоа прашање не соодветствува со дејствијата, исто како и информациите кои се појавија за време на ноќта на превратот, дека пучистите ја преземале власта, а претседателот Ердоган побарал азил во Германија.
Ново на Сител
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите
-
Гвардиола: Да беше до парите, Јунајтед требаше да ги освои сите титули