-->
-->
Јозеф Штиглиц: Германија мора да ја предводи меѓународната опозиција против Трамп
-->

Во интервју за весникот „Виртшафтвохе“ добитникот на нобеловата награда за економија Јозеф Штиглиц вели дека Германија мора да се спротивстави на претседателот на САД Доналд Трамп или западниот свет ќе се соочи со колапс, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
- Ветувањата против договорите за слободна трговија што ги даваше Трамп во предизборната кампања може да ја урнат и германската економија која што е доминантно зависна од извозот, вели Штиглиц според кого ако Германија сака нејзиниот економски модел да преживее ќе мора да се бори.
Според нобеловецот има малку емпириски докази зад економските тези на Трамп кој е против слободниот увоз на странски прозводи во САД а не се противи на извозот на американски производи преку граница.
„Тој може да остава впечаток дека е идеолошки пуританец но господинот Трамп е пред се човек што сака да прави бизнис. На крајот прагматизмот ќе победи пред идеологијата“, вели Штиглиц за тоа колку е веројатно предизборните ветувања да станат реалност.
Сепак нобеловецот предупредува дека постои опаснот затоа што Трамп верува во своите економски аргументи во кои има многу пропусти. Штиглиц вели дека сега постои опасност сето тоа што западните земји го имаат направено во последниве 60 години да се урне поради политиките на Трамп освен ако на нив не им се спротивстават заедно западните земји во прв ред Германија но и Републиканската партија чиј кандидат за претседател беше Доналд Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средба на Андоновски во Сеул со потпретседателот на Светска банка за дигитализација и вештачка интелигенција
-

ФФМ: Дисциплинската комисија поведе постапки против Шкендија Арачиново и Камјани
-

Бегство од смртта – преживеаните од терористичкиот напад на Хамас врз фестивалот „Нова“ ги раскажуваат своите приказни
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани пpоблемите, наскоро конкретни мерки
