Јовиќ: Скапо ќе ја продадеме кожата во Лигата на шампиони
Стратегот на македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер, Александар Јовиќ, по вчерашната жрепка за групната фаза во Лигата на шампиони најави дека неговите играчи достојно ќе го претстават македонскиот ракомет во елитното европско натпреварување.
„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампиони и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Јовиќ за клупскиот сајт.
Македонскиот ракометен првак ќе игра во групата А против Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Колштад, Алборг и ППД Загреб.
Еурофарм Пелистер ќе ја почне групата фаза на домашен терен против ППД Загреб на 13/14 септември, а завршното коло ќе го одигра против истиот противник на гостински терен на 6/7 март идната година.
Ново на Сител
-
Иванов: Секое решение за Вардариште ќе трае со години
-
Тема на денот со Татјана Чакулев, О2 иницијатива
-
Почна судењето за Беланоца
-
Мицкоски: Кога СДСМ е на власт ги злоупотребува тајните служби за да не следи
-
До Здравство доставени 8 досиеја на кардиолошки пациенти за кои постои сомнеж дека непотребно биле оперирани
-
МВР набавува 120 возила
-
Почна судењето за Беланоца
-
Македонија на 3-то место по раст во БДП според Евростат - Во 2 квартал економијата пораснала 3,4%