Јовески за случајот со Јана: Обдукцискиот наод го немаме, работиме со другите докази
Јавниот обвинител, Љубомир Јовески изјави дека се обезбедуваат сите докази со кои ќе се открие која е причината за згаснување на животот на малата Јана од Битола.
„Јавниот обвинител од Битола ги презема потребните мерки и обезбедува докази во врска со смртта на девојчето, резултатите од обдукцијата сè уште не се добиени. ЈО работи и на други докази од повеќе лица, кои може да помогнат во расветлување на случајот“, изјави Јовески.
Смртта на 6-годишното девојче ги крена на нозе македонските граѓани, кои вчера излегоа на протест преку кој го искажаа својот револт за немилиот настан.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, каде што почина петгодишната Јана Христовска. Здравствените инспектори констатирале дека на девојчето му била дадена гликоза заедно со физиолошкиот раствор, но тоа не е констатирано како грешка на педијатрите што го третирале девојчето. Направен е и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници што го третирале детето.
Ново на Сител
-
Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг
-
Приведен 18-годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-
Ѓоковиќ и Мареј ставија крај на соработката
-
Пронајдени над 200 метри кубни бесправно исечено огревно дрво | ФОТО
-
Васил Јованов осуден на 12 години
-
Турција ќе отвори нова фабрика за чипови и соларни ќелии
-
Гејминг индустријата во Србија лани со приходи од 214 милиони евра
-
Забрана за 15.000 аргентински навивачи за влез на стадионите на Светското клупско првенство