-->
-->
Јотовски загуби во сингл, останува настапот во двојки
-->

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрс турнирот во Италија (награден фонд 25.000 долари). Тој синоќа во првото коло загуби од Петер Торебко од Германија со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0 во гемови). Противникот на Јотовски пред пет години беше рангиран на 182 место на АТП листата.
За нашиот тенисер останува и настапот во игра на двојки на овој турнир. Тој ќе настапи со Миљан Зекиќ од Србија, а противници им се Василие Антонеску и Мирчеа-Александру Јецан од Романија. Овој меч на програмата е попладнево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Апелација им ги зголеми казните на сите 13 обвинети во случајот со велешката група за сексуална злоупотреба и изготвување порнографски материјал со дете-жртва
-

Притвор од 30 дена за синот кој ја уби својата мајка во Росоман
-

ЈОРСМ: За првпат потпишан поединечен Колективен договор за вработените во Јавното обвинителство
-

Иран: Секој агресор што ќе посегне по островот Харг ќе „оди во пеколот“
-

Кривична против 27-годишникот од Росоман за убиство на својата мајка
-

Мицкоски на средба со Орбан: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот
-

Мицкоски: Форумот во Будимпешта носи нови партнерства, Македонија меѓу водечките во Европа по инвестиции
-

Исчезнат скопјанец најден мртов, до него пронајден пиштол
