Тенис
31. October 2017 - 9:49

Јотовски загуби во сингл, останува настапот во двојки

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски го заврши настапот на фјучрс турнирот во Италија (награден фонд 25.000 долари). Тој синоќа во првото коло загуби од Петер Торебко од Германија со 2-0 во сетови (6:4 и 6:0 во гемови). Противникот на Јотовски пред пет години беше рангиран на 182 место на АТП листата.
За нашиот тенисер останува и настапот во игра на двојки на овој турнир. Тој ќе настапи со Миљан Зекиќ од  Србија, а противници им се Василие Антонеску и Мирчеа-Александру Јецан од Романија.  Овој меч на програмата е попладнево.