-->
-->
Јотовски во второто коло на фјучрсот во Скопје
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски со победа го почна вториот фјучрс турнир во Скопје што се игра на терените на „Тенис парк“ во склоп на СЦ „Јане Сандански“. Тој во 1.коло го победи Габриел Донев од Бугарија со 2-0 во сетови. Јотовски поведе во првиот сет со 5:1 во гемови во првиот сет, но Донев успеа да ја врати неизвесноста во првиот сет, кој Јотовски го доби со 6:4. Во вториот сет беше 6:1 за Јотовски, а нашиот тенисер имаше водство од 5:0 во гемови. Во следното коло ќе игра против победникот од мечот Домагој Биљешко и Либор Сабала (6.носител).
Од македонските тенисер настапот го заврши Бесир Дургути, кој во мечот од 1.коло загуби од првиот носител Кристофер О‘Конел со 2-0 во сетови (7:5 и 6:2). Мечот беше изедначен до 5:5 во гемови во првиот сет.
Попладнево од нашите играчи ќе настапат ќе настапи Стефан Мицов против Британецот Нил Пафли, а потоа меч во двојки ќе играат Горазд Србљак и Бесир Дургути против Русите Роман Гиголаев и Александар Перфилов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајден починат 32-годишник од Скопје во стан на подрачјето на Карпош
-
Една девојка потешко и друга полесно поведена откако возило излетало од патот Кавадарци - Неготино
-
Стоилковиќ: Меѓуетничките односи се стабилни
-
Јаневска: По една година имаме видливи резултати во образованието, ќе станат јасно видливи на крајот на мандатот на оваа Влада
-
До петок многу топло со температури и над 40 степени
-
Нов случај на семејно насилство во Кавадарци
-
Одбележан Денот на јавните службеници – Мицкоски со порака дека државниот службеник претставува огледало на државата
-
Пронајдено оружје при претрес во демирхисарско