-->
-->
Јотовски „специјалист“ за маратонски мечеви
-->

Македонскиот тенисер Томислав Јотовски со победа го почна настапот на фјучрсот во Суботица. Тој денеска во уште еден маратонски меч што траеше 2 часа и 41 минута успеа да го победи Американецот Максим Тихомиров со 2-1 во сетови.
Првиот сет му припадна на Тихомиров со 6:1 во гемови, а следните два Јотовски ги доби со 6:4. Притоа во решавачкиот сет во 10.гем на сервис на противникот нашиот тенисер ја искористи дури 6.та (брејк) меч топка.
Ова за Јотовски беше прв меч по паузата од две недели.
Двајцата играчи имаа по шест брејка, Јотовски од 12 шанси, а Тихомиров од 9.
Во следното коло Јотовски ќе игра против Марко Морони од Италија, кој со 6:3 и 6:1 го победи Резарт Цунгу од Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ѓуретановиќ го има вториот настап на ЕП на 400 метри слободно
-

Две жени загинаа во поплави и одрон во Шпанија, повредени и две бебиња
-

Се помали надежите за преживеани по земјотресот во Колумбија, бројот на жртви е околу 300
-

Рама: Протестите покажуваат нормална европска Албанија
-

Сончево време со мала до умерена локална облачност
-

Земјотрес со магнитуда од 6,9 повторно ја погоди Индонезија, втор силен потрес во еден ден
-

ПФЛ: Победи за Силекс и Шкендија Арачиново
-

Хју Хефнер го пријавувал Епстин во ФБИ уште во 2005 година
