-->
-->
Јотовски победник на МТП опен
-->

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски е победник на петтиот турнир МТП опен што се играше изминативе денови на терените на овој клуб. Тој во финалето го совлада Горазд Србљак (актуелен шампион на Македонија) со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4 во гемови). На патот до триумфот Јотовски ги победи Елдин Хусеиновиќ, Стефан Чаловски и Стефан Мицов.
Јотовски до тримуф на турнирот стигна откако во помалку од 50 часа постигна четири победи. Тој на турнирот дојде од настапот на фјучрс турнирите во Италија.
Јотовски е втор победник на овој турнир откако претходните четири години победуваше Димитар Грабул.
За Горазд Србљак, кој денеска играше во финалето останува фактот дека во полуфиналето го победи четирикратниот победник на турнирот Грабул.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
