-->
-->
Јотовски победи во двојки во Сокобања
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски триумфираше на фјучрсот во Сокобања во конкуренција на двојки. Тој попладнево во финалето заедно со Александар Лазов од Бугарија како први носители ги совладаа Богдан Ѓурѓевиќ (Германија) и Енрик Гуатиа-Паис (Шпанија).
Првиот сет го доби германско-шпанската комбинација со 6:4 во гемови, а Јотовски и Лазов го добија вториот сет со истиот резултат 6:4. Во решавачкиот сет беше 10:6 на поени за Јотовски и Лазов. Ова е четврта турнирска победа во двојки за Јотовски во кариерата втора во 2015 година (претходно победи во Шабац).
Јотовски денеска беше елиминиран во четвртфиналето во сингл откако со 2:1 во сетови загуби од Нико Матиќ од Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Продолжен притвор
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти