-->
-->
Јотовски победи на стартот од фјучрсот во Анталија
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски (645.место на АТП) по пауза од речиси два месеци оствари победа на фјучрс турнир. Тој денеска во меч од првото коло на фјучрс во Анталија (земјена подлога) го победи Хрватот Антун Видак (настапи си вајлд карта) со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Последната победа Јотовски ја имаше кон крајот на септември над Стефан Мицов на турнир во Сокобања.
Во меѓувреме тој настапи на државното првенство и на турнир во Скопје (само со паричен фонд), како и на два фјучрса (порази во 1.коло од носители ТОП4) кои се играа на тврда подлога. Во овој период тој со подготвуваше и во Скопје заедно со Предраг Русевски, а и ги санираше повредите.
Во следното коло ќе игра против 18-годишниот Шпанец Карлос Тебернер (848 место).
Од македонските тенисери активен е и Стефан Мицов. На фјучрс во Кувајт откако успешно ги мина квалификациите (две победи) денеска загуби во 1.коло од Јапонецот Кен Ониши со 2-0 во сетови (6:4 и 6:1).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Утре без струја дел од Аеродром и Карпош, без вода дел од општините Центар и Кисела Вода
-
Трамп се закани со дополнителни царини за Кина ако таа не ги повлече најавените возвратни мерки против САД
-
Прва психолошка помош со Васка Митова, специјалист психијатар од клиниката за психијатрија
-
Ѓорчевски: Во моментот кога го одземаа животот на Вања, го одземаа и мојот
-
Кривична за скопјанец кој го тепал својот син и сакал да го исфрли од нивниот дом
-
Две лица од кривопаланечко го убиле својот сосед, го запалиле телото и ги закопале остатоците
-
Од 3,5 на 2 години намалена казната затвор за Пајазити за прегазувањето на 22-годишната Теодора
-
Таткото на Вања: Полицајци ме правеа ретардиран, ме убедуваа се регрутирала во ИСИС заминала за Шведска