-->
-->
Јотовски остана без полуфиналето на фјучерсот во Белград
-->
Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во полуфиналето на фјучерс турнирот во Белград, што се игра за награден фонд од 10.000 долари.
Јотовски во мечот од четвртфиналната рунда кој траеше 1 час и 34 минути, во два сета (0-2) загуби од првиот носител на овој турнир Австралиецот Кристофер О'Конел.
Иако во првиот сет се водеше голема борба, клучен беше шестиот гем кога Австралиецот направи „брејк“ за водство од 4:2, кое до крајот сетот се покажа како клучно, па О’Конел го доби сетот со 6:4. Во вториот сет, првиот фаворит ја продолжи доминацијата па на Јотовски не му дозволи да освои ниту еден гем, односно го доби сетот со максимални 6:0.
Со тоа Јотовски го заврши настапот на белградскиот турнир откако вчера заедно со Србинот Дарко Јандиќ беа елиминиран и во полуфиналето во игра на двојки иако ја имаа улогата на први фаворити.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје