-->
-->
Јотовски и Србљак финалисти на МТП Опен
-->
Двајцата најдобро рангирани тенисери на турнирот МТП Опен Томислав Јотовски (1) и Горазд Србљак (2) ќе играат во денешното финале.
Јотовски вчера одигра два меч и во двата на убедлив начин ги совлада противниците. Во 1/4 финалето беше подобар од Стефан Чаловски со 6:1 и 6:0 во сетови, додека во полуфиналето го совлада Стефан Мицов 6:2 и 6:0.
Србљак пак беше подобар од три кратниот победник на овој турнир Димитар Грабул со 6:2 и 6:2 во гемови.
Во финалето во двојки одиграно вчера попладне Србљак и Грабул беа подобри од Шендрит Деари и Стефан Мицов со 6:4 и 6:3.
Покрај мечевите од завршницата најмладите тенисери се забавуваа и учествуваа во настанот „играм, учам, собирам“, каде со најмладите беше и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа. Изминативе денови беше организиран и турнир за играчи до 14 години , на кој учествуваа и деца од соседна Србија.
Финалето на турнирот меѓу Јотовски и Србљак ќе се одржи денеска на терените на МТП во дворот на гимназијата „Ѓорѓи Димитров“ со почеток во 11:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО вежба во Бугарија
-
Во Струмица вечерва започнува 33-то издание на Фестивалот на камерен театар ,,Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Обновена постапката на Археолошкиот музеј
-
Шекеринска во дводневна посета на Бугарија
-
Тема на денот со Влагојче Атанасовски, политички аналитичар
-
По пожарот во Виница 25 лица побарале лекарска помош, 12 задржани на болничко лекување
-
Пожари на истокот