-->
-->
Јотовски финалист во двојки на фјучрсот во Добој
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски во конкуренција на двојки ќе настапи во финалето заедно со младиот и надежен тенисер од Србија Милан Радојковиќ (15 години). Тие денеска пчостигнаа две победи во игра на двојки најпрвин во четвртфиналето ги совладаа вторите носители Адам и Џејсон Тејлор од Австралија со 2-0 во сетови (7:5 и 7:6 (7:4)), а во полуфиналето ја совладаа македонската двојка Гиразд Србљак и Стефан Мицов со 2-0 (6:4 и 6:1).
Тие ќе ја очекуваат разврската на другиот дел од „костурот“ каде треба да се одигра полуфиналето.
Инаку, Јотовски на турнирот настапува и во поединечна конкуренција и утре ќе игра против Фабрицио Оранџо (Италија, 4.носител) 649.ти на АТП листата. Нашиот тенсиер денеска со 6:2 и 6:2 во гемови го победи првиот носител Љубомир Челебиќ од Црна Гора.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Спречен обид за криумчарење 4.577 парчиња небезбедни лекови на ГП „Богородица“
-
Полска: Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата со Украина
-
Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“
-
„Јасен“ се уште гори, се работи на нов противпожарен појас за локализирање на пожарот
-
САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира
-
Салах е прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата по рекорден трет пат
-
Приведени три лица од Штип, при претрес на нивниот дом пронајдени се пушки и муниција | ФОТО
-
Летови Скопје-Франкфурт со „Луфтханза“ и во зимската сезона