-->
-->
Јотовски елиминиран во 2.коло на фјучрсот во Анталија
-->
Македонскиот тенисер Томислав Јотовски не успеа да се пласира во четвртфиналето на фјучрсот во Анталија откако со пресврт поуспешен од него беше Шпанецот Карлос Табернер.
Јотовски го доби првиот сет со 6:3 во гемови, а имаше и водство од 4:1 во вториот сет, но не успеа да стигне до посакуваната победа. Вториот и третиот сет Табернер ги доби со 6:4 во гемови.
Во текот на мечот и двајцата тенисери имаа по седум брејка, Јотовски од 20 можности, а Табернер од 17.
Во вкупниот број поени Табернер беше подобар 105:102. Мечот траеше 3 часа и 38 минути.
Јотовски продолжува со настапот во конкуренција на двојки заедно со Давиде Галопини од Италија ќе играат утре вторите носители Маркус Ерискон (Шведска) и Иван Гахов (Русија).
Јотовски од следната недела ќе настапува на уште еден фјучрс во Анталија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
МЖСПП: По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали
-
Жител на струшко Велешта осомничен за три кривични дела
-
Трамп сака да ја поврати контролата врз воздухопловна база Баграм во Авганистан
-
Македонските ракометарки во Охрид на мегдан против Египет
-
Приведени 15 лица, во кои има вработени во МВР, ЈП Национални шуми, предизвикале штета од над 100 милиони евра
-
13 лица приведени по масовна тепачка пред прилепската болница, полицијата пукала во воздух за да престанат да се тепаат
-
50-годишник од Богданци со остар предмет се заканувал на едно лице на бензинска пумпа
-
Тешко повреден кавадарчанец при извршување работни задачи во фабрика