Јотова се сретнала со претставници на бугарската заедница во Скопје
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова вчера, на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во РСМ, при што им порачала дека тие се суштински дел од бугарската нација и дека ја играат виталната улога за ширењето на бугарската култура, јазик и вредности РСМ, јави БГНЕС.
На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.
Јотова, осврнувајќи се на ситуацијата со инцидентот со Христијан Пендиков, нагласила дека властите во Софија го следат внимателно расчистувањето на тој случај, при што истакнала дека „бугарската самосвест, а не бугарските документи, те прават Бугарин“.
Според неа, од особена важност е соработката меѓу бугарските културни клубови и граѓанските организации.
- Бугарската заедница во Македонија има богато културно наследство, кое заслужува да се чествува и негува. Промовирањето на бугарската култура и традиција во Македонија ќе ја зајакне бугарската заедница и ќе доведе до поблиски односи меѓу Бугарија и Македонија, оцени бугарската потпретседателка.
Ново на Сител
-

Градоначалничката на Кисела Вода го пречека победникот на „Ѕвездите на Гранд 2026“ Бојан Илиевски
-

Љутков: Што и да се случи, секогаш стојам зад културата
-

Топол бран до средината на следната недела
-

Ким надгледуваше тестирање на оружје
-

Уапсен кочанчанец - возел без возачка дозвола и при преглед на возилото пронајдена е брендирана роба
-

Се зголемува бројот на жртви од земјотресите во Венецуела
-

Мицкоски: Зад провокациите станува збор за организирана бугарска пропаганда во нашата држава
-

СП 2026: Еквадор ја совлада Германија
