Јордан: Судир меѓу демонстрантите и полицијата на протестите во Аман
Стотици луѓе излегоа на протести во јорданската престолнина Аман против планираното зголемување на даноците и високата невработеност кај младите луѓе.
Дел од демонстрантите се судрија со полицијата, која употреби солзавец против нив.
Ова е прв случај на судир меѓу демонстранти и полицајци, откако пред неколку недели во Јордан повторно почнаа да се одржуваат протести секој четврток.
Протестите пролетта доведоа до оставка на тогашниот јордански премиер Хани, а него го наследи економистот Омар Разаз. Тој вети дека ќе води политика подобра за населението, но неговата Влада е под притисок на меѓународните кредитори на Јордан за намалување на големиот буџетски дефицит.
Јорданската економија беше погодена од конфликтите во соседните Сирија и Ирак, кои доведоа до проблеми за бизнисот и прилив на бегалци.
Ново на Сител
-
Предметот за „Пулс“ е донесен во Кривичниот суд, следи оцена на обвинението
-
Собраниска расправа за ребалансот, поднесени над 200 амандмани
-
Во Кичево ќе се гради нов Клинички центар
-
Неправилности во здравството можат да се пријават на веб страницата на министерството
-
АХВ го демантира градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов
-
Разговор со Маријана Милевска, проектна менаџерка во програмата за Обединетите нации
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата