Јордаке нема да го поништи спорниот декрет
Романскиот министер за правда Флорин Јордаке покажа денеска дека нема да направи ниту чекор назад во однос на спорниот декрет, што предвидува измени во кривичното законодавство.
Спорниот декрет за декриминализација на некои корупциски дела предизвика протести од страна на илјадници лица и доби сериозни критики од западните парнтери на земјата, пишува сајтот „Зиаре“.
Јордаке изјави дека ја презема целата одговорност за декретот.
- Имаше спротивставени мислења од граѓанското општество и земајќи ги предвид сите мислења „за“ и „против“ беа подготвени тие проекти, посочи министерот, кој вчера привремено му ја предаде должноста на неговиот заменик Константин Сима до 7 февруари.
Подоцна тој посочи дека продолжува да ги исполнува неговите министерски овластување, а делегирањето се однесува само на тековните операции.
Во врска со барањето на демонстрантите да се анулира декретот, Јордаке изјави: Декретот во моментов е нападнат во Уставниот суд, дали од претседателот, дали од Високиот совет на судии, дали од јавниот обвинител. Уставниот суд може да одлучи дали е уставен или не.
Истовремено Високиот совет на судии, одлучи денеска по барање на јавниот обвинител да ги отповика од Министерството за правда обвинители Оана Шмид-Хајнјала и Константин Сима.
Во врска со тоа министерот Јордаке изјави дека одлуката за отповикување на двајцата обвинители „нема правна основа“.
Синоќа, околу 250.000 Романци излегоа на улиците во десетина градови на протести против спорниот декрет за декриминализација на некои корупциски дела.
Бројот на демонстранти беше речиси колку и претходната ноќ, пренесува БТА.
Ново на Сител
-
Расте бројот на децата со оштетен вид поради користење на мобилни и таблети
-
ВМРО-ДПМНЕ: Партискиот интерес над државниот, Фрчкоски од Еразмус+ преку Заев и Димова добил 200 илјади евра
-
СДСМ: Филмовите на Мицкоски не плаќаат сметки, реалноста е дека трошоците растат а платите стагнираат
-
Трамп ќе го поддржи планот на Путин за крај на војната, според кој Донбас би бил предаден на Русија?
-
Пет месеци од трагедијата во Кочани, 18-ти по ред „Марш на ангелите“
-
Тема на денот со Тони Менкиноски
-
Пратениците од ДУИ гласаа против измените во Изборниот законик за учество на независните на изборите
-
Средбата Трамп-Путин заврши без договор за прекин на руско-украинската војна