Македонија
1. April 2016 - 8:26

Јолевски на министерски состанок во Виена

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува на министерскиот состанок на Централно-европската одбранбена соработка, што ќе се одржи денеска во Виена, Австрија.

На состанокот министрите за одбрана на Македонија, Австрија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија, Словенија и Словачка ќе разговараат за бегалската криза која ја зафати Европа, состојбата на балканската рута, како и можностите за соработка на државите од таа рута, соопшти Министерството за одбрана.