Јолевски-Маќеревич: Полска останува поддржувач на Македонија

Полска секогаш ќе ја поддржува Македонија во интегративните процеси и понатаму ќе се залага за политиката на отворени врати на НАТО, порача полскиот министер за одбрана Антони Маќеревич на денешната билатерална средба во Варшава со македонскиот колега Зоран Јолевски.
Полскиот министер Маќеревич за време на разговорот истакна дека ставот на Полска во однос на Западен Балкан е интеграција во Европската унија и НАТО, затоа што тоа е предуслов за стабилен регион и стабилна Европа.
На средбата, информираат од МО, министерот Јолевски се заблагодари за поддршката која Полска и ја дава на Република Македонија за членство во НАТО што е наш врвен приоритет. Јолевски додаде дека Македонија и Полска имаат одлична соработка во полето на одбраната и дека очекува безрезервна поддршка за време на претстојниот самит во Варшава за остварување на нашата стратешка цел.
Министерот Јолевски информира за состојбата во регионот и за начинот во справувањето со мигрантската криза. Притоа истакна дека со овие активности, Македонија докажа дека заслужува да добие покана за членство во НАТО на претстојниот самит и дека е партнер на меѓународната заедница во справувањето со предизвиците.
За време на разговорот, двата министри разменија мислење за геополитичката состојба и за предизвиците со кои се соочува Европа. Тие воедно разговараа за процесот на модернизација на двете армии и начините на кои тоа може да се постигне.
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
