Јолевски – Каве: НАТО и Европската унија се приоритет за Македонија

Членството во НАТО-алијансата е приоритет за Република Македонија за што сме и целосно подготвени, рече министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната средба во Министерството со генерал-мајор Иан Каве, заменик командант за планирање во Здружената команда на сојузничките сили во Неапол.
Како што информира Министерството за одбрана, Јолевски истакнал дека реформскиот процес во Армијата тече во континуитет.
- Започнавме со процес на модернизација кој е исклучително важен. Тоа што е битно е дека работевме напорно на дефинирање на приоритетите кои се важни за одржување на способностите на Армијата, но и на интеропративноста со земјите-членки на Алијансата, рече министерот.
Тој додаде дека посветуваме големи внимание на развојот на идните офицери, факт кој се гледа и преку развојот на Воената академија, воведувањето на еден семестар на англиски јазик и можноста за размена на питомци со респектабилни воени универзитети во земјите-членки на Алијансата.
Во однос на поддршката кон воспоставување на глобалниот мир и безбедност, министерот Јолевски истакна дека Армијата на Република Македонија продолжува со значајниот придонес во мисијата во Авганистан, „Одлучна поддршка“, исто како и со мисијата АЛТЕА во Босна и Херцеговина, мисијата УНИФИЛ во Либан и логистичката поддршка кон КФОР на Косово.
- Ги разгледуваме можностите за идно зголемено учество во мисиите на Обединетите нации, согласно потребите и нашите капацитети, додаде министерот.
На средбата соговорниците разговараа и за мигрантската криза која го зафати континентот при што заклучија дека е потребна сеопфатна стратегија која ќе ги опфаќа европските земји, Турција и Сирија.
- Во тој контекст, министерот посочи дека припадниците на Армијата се присутни на јужната граница во поддршка на единиците на Полицијата, со цел обезбедување хуман третман на мигрантите, но и обезбедување на тој дел од земјата и оневозможување на илегалното преминување на границата. наведува Министерството за одбрана.
Ново на Сител
-

ЈО: Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на родители на судија
-

Натпреварот на Македонија против Португалија заврши нерешено
-

Кривична за двајца кичевчани, пробале да убијат 39-годишен сограѓанин
-

Одземен сеф со пари откако насилно било влезено во финансиско друштво во Центар
-

Мицкоски: Граѓаните го почитуваат „Безбеден град“, помалку сообраќајќи и побезбеден сообраќај
-

Андоновски: Реална дигитализација - граѓаните ќе ги добијат услугите брзо, едноставно и електронски
-

Санчез: Евентуална американска инвазија на Гренланд „би го направила Путин најсреќниот човек на земјата“
-

Тракторист починал на лице место откако паднал во речно корито
