Јолевски: Интензивно работиме за покана за НАТО
Министерот за одбрана Зоран Јолевски денеска и ја честита поканата за членство на Црна Гора во НАТО и изрази уверување дека поканата за Република Македонија ќе дојде наскоро за што, нагласи, интензивно се работи.
Одговарајќи на новинарско преашање дали со зачленувањето на Црна Гора во НАТО, Македонија ќе остане единствена изолирана во регионот иако ги исполнува сите можни критериуми, Јолевски дециден дека Македонија ќе продолжи на патот за целосна интеграција во Алијансата.
- Република Македонија ги исполни условите за да добие покана за полноправно членство во Алијансата уште во 2008 година на Самитот во Букурешт, но, заради познатата пречка ние се уште не можеме да ја добиеме поканата, изјави Јолевски по денешното садење дрвца во кругот на Воено медицинскиот центар во Скопје.
Тој потсети дека вчера Собранието на РМ донесе одлука за нова ротација на припадници на АРМ во мировната мисија „Одлучна поддршка“ во Авганистан, со што, истакна, покажуваме дека сме целосно посветени на овој процес.
Ново на Сител
-
Трамп: САД немаат ништо со нападот врз Иран
-
Херцог жали за жртвите од иранскиот ракетен напад: Многу тажно и тешко утро
-
Три сообраќајки вчера во Тиквешијата
-
Несреќа со воздушни балони во Турција: Еден загинат, 19 повредени
-
Смртниот биланс од иранските напади врз Израел се искачи на 10 лица
-
На „Богородица“ и „Табановце“ се чека околу половина час за влез и излез од државава
-
Ирански ракетни напади врз Израел: Осум загинати, над 100 повредени
-
Трамп на воената парада во САД: Нашите војници доаѓаат по секој што ја загрозува Америка