-->
-->
Јоко Оно: Ленон сакаше секс со мажи
-->

Вдовицата на Џон Ленон, Јоко Оно во интервју за „Дејли бист“ отворено проговори за сексуалната ориентација на нејзиниот покоен сопруг, тврдејќи дека тој сакал „да биде со мажи“, но дека тоа никогаш не го сторил.
Оно објасни дека таа и поранешниот член на популарните „Битлси“ долго разговарале за ова прашање, нагласувајќи дека при тоа заклучиле оти сите луѓе „можат да бидат бисексуалци“.
- Џон и јас често разговаравме за тоа и дојдовме до заклучок, дека секој од нас може да биде бисексуалец, како и дека општеството е тоа што ни наметнува забрани за нешто што е природно, истакна Оно.
Таа во интервјуто вели и дека Ленон имал желба за секс со мажи, но дека не успеал да најде некого со кого би имал сексуални односи.
- Тој ми рече дека нема да му пречи ако мажот не е многу убав, но дека мора да биде ментално привлечен и дека е многу тешко да се најдат такви луѓе, откри Јоко Оно.
Таа, во интервјуто се осврнува и на шпекулациите дека Ленон бил во љубовна врска со менаџерот на „Битлси“, Брајан Ипстен.
- Оф, тоа е многу долга приказна, но јас мислам дека немаа секс. Мислам дека никогаш тоа не ни сакаа да го сторат, истакна Оно.
Џон Ленон беше убиен во 1980 година во Њујорк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп најави дека ќе испрати болнички брод во Гренланд
-

Осумдесет политички затвореници се ослободени во Венецуела, изјави претседателот на Парламентот
-

Прочка - празник за проштавање и покајание - како, кому и колку да простуваме
-

Снег на патниот правец Тетово-Гостивар-Маврово и на Попова Шапка
-

Променливо облачно со умерен до засилен северен ветер
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
