ЈО: Загинатиот мотоциклист во Чаир немал дозвола и заштитна кацига и возел брзо

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на местото на тешката сообраќајната несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл, која ноќеска се случила во близина на трговскиот центар „Чаирчанка”.
Како што соопшти државното Јавно обвинителство, според првичните сознанија по увидот, 16-годишникот управувал без возачка дозвола и заштитна кацига, како и со брзина поголема од дозволената.
-На критичната локација не успеал да избегне електричен тротинет со кој по коловозот управувал 14-годишник. Во сообраќајната несреќа, возачот на моторот се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на лице место, додека малолетникот кој управувал со тротинетот е повреден и задржан на лекување, соопшти ЈОРСМ.
Со цел точно утврдување на причините за несреќата, јавниот обвинител издал повеќе наредби и насоки.
-Се обезбедуваат и се прегледуваат снимки од видеонадзорот на конкретната локација. Издадена е наредба за обдукција на телото на починатиот, а и кај малолетникот кој управувал со тротинетот ќе бидат извршени анализи за евентуално присуство на алкохол или други недозволени супстанции, наведува Обвинителството.
Министерството за внатрешни работи претходно информираше дека во СВР Скопје денеска во 02.28 часот било пријавено дека на ул.„Цветан Димов“ во скопски Чаир се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „пиаџо беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник од Скопје, и електричен тротинет управуван од 14-годишник од Скопје.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал 16-годишниот мотоциклист, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Четиринаесетгодишник кој управувал електричен тротинет, пак, се здобил со телесни повреди констатирани во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
