ЈО: Турчинка нападнала полицајци на аеродром, предложен притвор
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлог за определување мерка притвор против 36-годишна државјанка на Република Турција против која е поведена постапка за кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 1 од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.
Како што е наведено во соопштението на ЈО, странската државјанка, на 8 април пристигнала на Меѓународниот аеродром Скопје со лет од Истанбул, но при пасошка контрола било констатирано дека не исполнува општи услови за влез во државата.
„Полициски службеници ја упатиле во меѓузоната на аеродромот за да го чека следниот лет за враќање во Истанбул. Меѓутоа, таа станала агресивна, започнала да се заканува на аеродромското обезбедување, фрлала со столици, по што неколку полициски службеници морале да интервенираат. Осомничената продолжила и нив да им се заканува и да ги навредува, а еден полицаец физички го нападнала и го удрила“, соопшти МВР.
Предлогот за определување мерка притвор е поднесен поради опасност од бегство.
Ново на Сител
-
Трајко Славески предлог на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Тема на денот со Митко Трајчулески, пратеник од СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Се чека предлогот на претседателката Сиљановска Давкова за нов гувернер на НБРМ
-
Мицкоски чека предлог за нов министер до крајот на неделата
-
Мицкоски најавува и нов Клинички центар од договорот со Обединетото Кралство
-
Четворица уапсени од Беланоца - Убивале луѓе по нарачка