ЈО: Обвинение за сообраќајка со смртни последици во Марино

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот согласно член 300 став 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, откако ги обезбеди сите докази и со соодветни вештачења ги утврди причините за сообраќајната несреќа која се случи на 14 септември по полноќ во селото Марино.
Прес-службата на Јавното обвинителство денеска соопшти дека осомничениот управувал автомобил „Хјундаи тусон”, но не се придржувал на прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот и телото на луѓето. Тој, велат од ЈО, непрописно свртел со возилото без да се увери дека тоа може да го направи без да ги загрози другите учесници во сообраќајот.
Во тој момент во возилото удрил мотор „Јијинг” без регистарски ознаки и без вградени светлосни уреди, со кој управувал 16-годишниот Матеј Димовски. - Возачот на моторот не поседувал возачка дозвола, а тој и неговата сопатничка не носеле заштитни кациги. Како резултат на повредите здобиени при несреќата, 16-годишникот починал, додека неговата 13-годишна сопатничка била потешко повредена, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.
МИА
Ново на Сител
-

Филипче не попушта ни по лидерската, инсистира на техничка влада
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Лидерска средба без СДСМ
-

ДИК ги објави конечните резултати од повторените избори
-

Прв смртен случај со грип оваа сезона – почина 75 годишна жена на Инфективна
-

Со задолжување од милијарда евра ќе се враќаат стари долгови, но ќе следи уште едно во следното тримесечје
-

Ќе има ли доволно пазарни инспектори за контрола на новиот закон за пушење?
-

Проектот Мој ДДВ не се укинува
