Јилдирим: Турција не ја гледа средбата во Варна како знак за промена на односот кон Анкара
Турција не ја гледа вчерашната средба во Варна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со европските лидери, како знак за промена на односот на ЕУ кон Анкара, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим.
Не можам да видам предзнаци од средбата на врвот дека пристапот на ЕУ кон нашата држава ќе биде фер, изјави Јилдирим пред пратениците од владејачката Партија за правдата и развојот (АКП).
- Отсекогаш сме биле отворени и искрени кон ЕУ, посочи турскиот премиер.
Тој додаде дека преговарачкиот процес на Турција за членство во ЕУ е во застој, затоа што не се отвораат нови поглавја од пристапните преговори. Јилдирим потенцира дека пристапувањето кон ЕУ останува цел на Турција.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган синоќа на прес- конференцијата во Варна посочи дека било голема грешка на ЕУ што ја исклучила Турција од нејзината политика за проширување. Тој изрази надеж дека најлошите денови во односите меѓу Турција и ЕУ се минато
Ново на Сител
-
75 години Друштво на филмски работници - почнуваат денови на македонскиот филм
-
Финансиската полиција со кривични пријави од над една милијарда денари изминатата година
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Пратенички прашања во Собрание
-
Муртезани: 26 земји во Унијата го признаваат македонскиот јазик и идентитет, освен Бугарија
-
Македонија ќе одвои 5% од БДП за одбраната, експертите: Одлуката е неопходна, а парите ќе се вратат во економијата
-
Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред
-
Левица со интерпелација за Јавниот обвинител