-->
-->
Јилдирим: Турција е решена што поскоро да ги обнови односите со Русија
-->

Турција е решена со брзо темпо да ги обнови односите со Русија во сите сфери и да ги подигне на ново ниво, изјави денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим на средбата со регионалните лидери на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП).
- Односите со Русија се развиваат со напредок, ние си поставиваме цел да не се ограничуваме до нивото од пред кризата, туку да го подигнеме на ново ниво и да ги направиме сеопфатни, рече Јилдирим.
Како што јави ТАСС, коментирајќи ги разговорите кои се одржаа на 10 октомври во Истанбул, меѓу претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, Јилдирим рече дека биле донесени решенија за односите во различни области, кои Анкара ќе ги спорведе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

69-годишна скопјанка додека чистела шкаф со алат пронашла предмет што наликувал на експлозивна направа
-

Европските компании масовно ја напуштаат Куба поради новите американски санкции
-

Мицкоски: Процесот на проширување на ЕУ е жив, наша цел е да испорачаме реформи, но и да го сочуваме националното достоинство
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај
-

Изведени видео записи со времето на пристигнување на полицајците пред дискотеката „Пулс“ и на активација на пиротехниката
-

Јапонија планира да замени 14 нуклеарни реактори во наредните децении
-

САД инвестираат 700 милиони долари во јагленот и најавија изградба на нови термоелектрани
-

Кошта и Милатовиќ потврдија дека целта е членство на Црна Гора во ЕУ до 2028 година
