-->
-->
Јилдирим: САД и Русија се расправаат како уличари
-->
Турскиот премиер Бинали Јилдирим ги повика САД и Русија да се откажат од „улични расправии“, објави електронското издание на турскиот весник „Акшам“.
- Објавуваат твитови, се закануваат еден на друг. Се расправаат како уличари, како да се во улична расправија, изјави Јилдирим во врска со кризата меѓу Вашингтон и Москва.
- Едниот вели: Јас имам поубава ракета, другиот вели: Јас имам поубава ракета, додаде турскиот премиер, коментирајќи ја трката во вооружување меѓу двете сили.
Тој истакна дека на крајот плаќаат мирните граѓани.
- Сега не е време за конкуренција. Сега е време да се преврзат раните во регионот, рече Јилдирим.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега