Јемен: Во самоубиствен напад убиени 45 лица

Најмалку 45 лица загинаа, а десетици се повредени во двоен напад на бомбаш-самоубиец во редот за регрутација на војници на пристаништето Аден во јужен Јемен, соопштија денеска локалните власти.
Напаѓачот го активирал појасот со експлозив откако застанал во редот пред регрутниот центар во близина на воената база Бадр во населбата Кормаксар, каде во моментов е базирана Владата на претседателот на Јемен Абедраб Мансур Хади, јавува Танјуг.
Јеменскиот сајт „Аден ал-Гад“ прикажа фотографии од војници кои ги креваат од земја своите убиени колеги во униформи, додека сведоците наведуваат дека виделе како амбулантна кола ги пренесува повредените од самото место. Во нападот се повредени околу 60 лица.
Аден е привремена престолнина на јеменската Влада, која има поддршка од Саудиска Арабија, и се обидува да ја врати под контрола својата престолнина Сана од вооружените бунтовници Хути.
Ново на Сител
-

ОН: Лани низ целиот свет биле убиени 350 хуманитарни работници
-
Ангелов: Пожаpот се прошири и зафати делови од прилепското село Чаниште, нема жртви и повредени
-

Пентагон потпиша договор вреден речиси 23 милијарди долари за забрзано производство на Томахавк
-

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига
-

Седум нови осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија
-

Авион на воздухопловните сили на Франција принудно слета на автопат и се запали
-

Ѓоковиќ мора да го провери дишењето пред УС опен
-

Анкета на Фајненшал тајмс: Мнозинство американски гласачи велат дека им е полошо откако Трамп е претседател
