„Јавна соба“ избришана од Телеграм
Групата „Јавна соба“ на мобилната апликација „Телеграм“ денеска е затворена по барање на МВР.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА ја потврдија информацијата. Оттаму соопштија дека барањето за затворање на групатата е испратено викендов.
Во понеделникот беа приведени креаторот и администраторот на групата. По извршените разговори и прибавените докази против нив се очекува да биде поднесена кривична пријава.
Истрагата ја води Бирото за јавна безбедност кое продолжува со активности за евентуална вмешаност и на други лица.
Во групата „Јавна соба“ се споделуваа експлицитни фотографии, видео материјали со порнографска содржина и телефонски броеви со ценовници за наводни услуги на девојките. Групата броеше повеќе од 7.400 членови меѓу кои имаше и малолетници.
Ново на Сител
-
Македонија увезува работници, македонците на печалба во странство
-
Штафетно нуркање за мир
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема акција на Финансиската полиција, се вршат претреси во Куманово, Липково и Желино
-
Реакции по скандалот на натпреварот Брегалница - Шкупи
-
Се поголем бројот на пловила
-
М. Брод ќе биде првата општина која што ќе добие Дневен центар за активно стареење во рурална средина, во с.Самоков
-
Преглед на вестите од светот