Јавна расправа за работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите

Јавна расправа по работната верзија на Предлог законот за високи раководители во органите на државната управа и фондовите ќе одржи денеска во Собранието Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Целта на законот е создавање професионална, департизирана и ефикасна јавна администрација, во која напредувањето ќе се темели исклучиво на знаење, искуство и резултати.
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев за Предлог-законот за висока раководна служба неодамна изјави дека станува збор за суштинска и долгоочекувана реформска мерка која воведува јасни правила, професионализам и одговорност во јавниот сектор.
- Овој закон е на реформската агенда на државата повеќе од седум години. Првпат се нуди јасно и применливо решение кое ги опфаќа раководните и извршните функции во околу 100 институции и воспоставува транспарентни критериуми и постапки за избор, истакна Минчев.
Предлог-законот е изработен од интерресорска работна група, предводена од Министерството за јавна администрација, со учество на Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии.
- Законот се однесува исклучиво на директорите, заменик-директорите, членовите на управните одбори и државните секретари, кои се двигатели на институционалната стабилност и континуитетот во работата на институциите. Клучните новини се содржани во три пункта: воведување мерит-систем со постапка и јасни критериуми за избор, рационализација на управните одбори и строга регулација функцијата вршител на должноста (в.д.), рече министерот Минчев.
Со ова законско решение бројот на членови во управните одбори ќе биде ограничен на максимум три, со што, како што кажа, се прават значителни заштеди во државниот буџет и се прекинува досегашната пракса на нефункционални и преобемни управни тела, а ќе се стави крај и на злоупотребата на в.д. функциите, кои со години се користеле како механизам за заобиколување на системските решенија.
МИА
Ново на Сител
-

Реакција од ГАК по објавите во медиумите за смртта на родилката
-

Украина разгледува нова локација за преговори со Москва
-

Трамп најавува силен удар врз Иран, не исклучува испраќање копнени сили
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте
-

Русија ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да го сменат режимот во Иран, саботирајќи ги дипломатските напори
-

Хегсет: Нападот врз Иран не е за промена на режимот туку да се уништи заканата
-

Сиљановска-Давкова: Жените веќе не се исклучок во технолошките процеси, туку се нивни креаторки
-

МНРиНТ апелира македонските државјани да се воздржат од непотрбни патувања на Блискиот Исток
