Јавна расправа за Предлог-планот на активности за унапредување на родовата сензитивност
На денешната седница на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите ќе има јавна расправа на тема „Предлог-план на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2022 – 2024“.
Како што е најавено, на јавната расправа ќе се обратат Гордана Сиљановска-Давкова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, Лолита Ристова, претседателка на Клубот на пратенички, Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието.
Пред присутните ќе биде презентиран и Предлог-извештајот за имплементација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 – 2021 и Предлог-планот за имплементација на Планот на активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 – 2021.
Јавната расправа се организира во соработка со Клубот на пратенички и Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Покрај членовите и заменик-членови на Комисијата, на јавната расправа се поканети сите пратеници, претставници на Министeрството за труд и социјална политика, Интерресорската консултативна и советодавна група за еднакви можности на жените и мажите, координаторките за еднакви можности на министерствата, локалните комисии за еднакви можности (претседателки и координаторки), претставници на Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација, Институтот за родови студии, потоа претставници на меѓународните организации, УНДП, Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (Un Women), ОБСЕ, НДИ, ИРИ, претставници на НВО секторот од оваа област, експерти, претставници на дипломатските кор во земјава, како и претставници на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија и на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје.
Ново на Сител
-
Забрана за движење на повеќе патни правци
-
„Вреди“ – Го обвини Груби дека стои зад инцидентите
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, претседател на движење ЗНАМ
-
Ученици од „7 март“ со импровизирани пушки и униформи од УЧК на приредба за денот на албанското знаме, МОН утре најавува инспекции
-
Нема доволно згрижувачки семејства во државата
-
УХМР: Врнежи од дожд и снег ќе има и вечерва и утре наутро во некои делови од државата
-
Снежните врнежи предизвикаа проблеми
-
ПСС - Најчести интревенции на заглавени возила на Галичица