Јавна расправа по Предлог законот за амнестија- се бара враќање на хуманистичкиот аспект
– Собраниската Комисија за политички систем денеска одржа јавна расправа по Предлог-законот за амнестија на која присуствуваа и министерот за правда Билен Саљији, заменик-министерот за правда Оливер Ристовски, Народниот правобранител Иџет Мемети, како и претставници на невладиниот сектор.
Со Предлог-законот се предвидува ослободување од издржување казна затвор на приближно 670 правосилно осудени лица на затвор до шест месеци, а за 3.097 лица намалување на казната за 30 отсто. При поднесување на законот во предвид биле земени условите во казнено-поправните установи и затворската популација.
Народниот правобранител посочи дека овој закон е комбиниран, односно колку е материјален, толку е и процесен.
- Не може да се донесе закон за амнестија без да се донесе и постапката како да биде спроведен. Сметам дека постапката за спроведување мора да се разграничи за да нема разлики во спроведувањето и нерамноправност, изјави Мемети.
Пратеникот Ферид Мухиќ укажа на потребата од враќање на хуманистичкиот аспект и осудените на доживотна казна да не се одземаат од амнестијата.
Граѓанската активистка Мери Николова праша како може членот 125 да подлежи на амнестија, а членот 123 не и прочита писмо од семејствата на осудените во „Детонатор“, во кое се бара да нема селективност и тие да бидат опфатени во амнестијата.
Гоце Коцевски од Здружението на млади правници посочи дека недостига индивидуализација и се поставува изедначување на случаи со нееднаква тежина како злосторничко здружување и сообраќајни прекршоци и кражби.
Пратеникот Фадил Зендели рече дека носењето на законот не може да се оправдува со укажување на пренатрупаноста во судовите, посочувајќи дека обезбедувањето на условите се обврска на државата која треба да предвиди повеќе средства од Буџетот за тоа.
Ново на Сител
-
Ѓорѓиевски: Платите треба да растат колку и продуктивноста
-
Тема на денот со д-р Сашко Кедев, првиот Македонец на сите највисоки врвови
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Брн: Предолгиот и мачен пат на Македонија кон ЕУ мора да заврши, но нема напредок без внесување на Бугарите во Уставот
-
Анастрозол и летрозол за онколошки пациенти од понеделник во аптека со рецепт
-
По изгласаната недоверба, власта очекува оставка од Коцевски
-
Нема договор за раст на минималната плата на 500 евра
-
Парното со иста цена, водата со стари проблеми – РКЕ подготвува законски решенија