Јавна опомена од ДКСК за член на УО на ЈКП „Комуналец“-Прилеп за судир на интереси
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) констатира состојба на судир на интереси кај Филип Секулоски, кој покрај функцијата член на Управен одбор на ЈКП „Комуналец“ - Прилеп ја извршува и функцијата управител на трговско друштво – ДППУТ „САМ САР“ – увоз – извоз ДООЕЛ Прилеп.
Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираната состојба, ДКСК денеска соопшти дека има побарано од наведеното службено лице во рок од 15 дена сметано од денот на приемот на барањето доброволно да се откажe од извршување на функцијата управител на трговското друштво со што ќе ја отстрани повредата на член 9 од Законот за спречување на судир на интереси.
- Филип Секулоски не постапи по барањето на Државната комисија, поради што во смисла на член 23 став 3 од Законот за спречување судир на интереси ДКСК донесе одлука на ова лице да му изрече мерка јавна опомена, стои во соопштението.
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп