Јавна кампања во ромската заедница во Кочани
Општина Кочани заедно со уште седум општини во Македонија е дел од јавната кампања во ромските заедници под наслов „Каков белег ќе оставиме“, која се однесува на идентификувањето на проблемите со кои се соочува ромската заедница во општината, како и давањето препораки и предлози за нивно надминување.
Во Кочани како што ни изјави Јалчи Неџипов, локален координатор на ромската заедница од овој град, веќе биле посочени проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тие се невработениста, образованието, урбанизацијата, како и сместување и трајно решение на семејствата од старата касарна во градот.
- Како општина Кочани имаме преземено одредени активности во делот на згружувањето на ромските деца преку проектот за инклузија на деца во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, дооформување на основното и средно образование. Имаме и проблем со сместувањето на ромски семејства од Старата касарна, како и асфалтирање на повеќе улици, изјави Неџипов.
Носител на кампањата е невладината организација Рома С.О.С. од Прилеп, и истата се реализира и во општините Прилеп, Битола, Кочани, Тетово, Кавадарци, Велес, Штип и во Скопје во општината Карпош.
Ново на Сител
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Засилени контроли на скопските улици
-
Преглед на вестите од светот
-
Интереплација на власта за членовите од Судски што ги избрало Собранието
-
Судски совет ќе испитува грешка кај судијката која за продажба на дрога одредила казна поправен дом
-
Објавени огласи за 47 обвинители и 50 судии: Ќе се пополни ли дупката во обвинителствата?
-
Притвор 30 дена за екс директорот на СОЗР Пеце Мирчевски