Јавна дебата за уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти
По повод донесувањето на Законот за измена и дополнување на Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, денеска ќе се одржи јавна дебата на тема „Уредување на правниот статус на бесправно изградените објекти” во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.
Според ДКСК, корупцијата е најизразена таму каде што има најмногу можности за злоупотреби и манипулации, а широк простор за злоупотреби и корупција има во урбанизмот и градежништвото.
-Како пример може да послужат, донесувањето на генералните и деталните урбанистички планови, измената на урбанистичките планови заради легализација на бесправните градби наместо планирање на просторот, големиот број на бесправни градби, издавањето на дозволи за градење и располагање со земјиште кои се во постапка на денационализација, селективниот однос на општините и органите при уривањето на бесправните објекти и при санкционирање на прекршителите на законот, високиот процент нереализирани решенија за уривање на бесправно изградени објекти, големиот број на станбени и деловни згради меѓу дивоградбите, појасуваат од ДКСК за можната корупција во урбанизмот.
На дебата, покрај претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, предвидени се обраќања и на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, експерти од урбанизмот и градежнитвото, судијата Владимир Туфегџиќ, а од дискусијата ќе бидат извлечени заклучни согледувања кои понатаму ќе бидат доставени до надлежните институции.
Ново на Сител
-
Тензично пред и внатре во албанскиот парламент
-
Минатата година во Србија идентификувани 82.000 случаи на детски труд
-
Мицкоски: Нема да ја повторувам како папагал придавката
-
Мицкоски: Гаши да се извини на граѓаните на Македонија бидејќи од тука зема плата
-
Кај уапсените Косовци поради шпиунажа во корист на Србија пронајдено оружје, муниција и гас-маски
-
Од идната недела уште повисоки температури
-
ЦУК: Пријави за змии во Скопје и Прилеп
-
Христијан Мицкоски мандатар за состав на влада