Јавна анкета за урбанистичките планови за Стар Дојран и Сретеново

Градоначалникот на општина Дојран, Борче Стамов донесе решение во периодот до 13. август да се спроведе јавната анкета за донесување на урбанистичките планови за Стар Дојран и Сретеново.
Урбанистичките планови до наведениот термин,како што посочија од општината, се изложени на јавни места на огласната табла во зградата на локалната самоуправа во Стар Дојран, на излогот на маркетот „Македонија“ во Стар Дојран и на излогот на маркетот „Виа Трејд“ во Сретеново.
Заинтересираните физички и правни лица,од подрачјата опфатени со плановите ,на располагање имаат четиринаесет работни денови преку анкетни листови кои се добиваат во општина Дојран да ги достават своите писмени забелешки,предлози и мислења по однос на содржините на урбанистичките документи.
Јавната презентација на урбанистичките планови за Стар Дојран и Сретеново ќе се изврши на 15. август во просториите на општина Дојран со почеток во 12 часот.
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
