Македонија
22. December 2015 - 9:02

Јавен состанок на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска ќе го одржи четвртиот јавен состанок на кој ќе бидат презентирани активностите реализирани во изминатото тримесечје и резултатите од родовите анализи на вестите и рекламите во текот на годината.

Во пресрет на изборниот период, ќе биде презентирана и Нацрт-методологијата за мониторинг на изборното претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборните процеси.  

На состанокот ќе се дискутира и за репрезентацијата на родовите и сексуалните малцински групи во програмите на медиумите.