Јавен повик за енергетска обнова на градинката „Весели Цветови“ – објект „Мимоза“

Општина Кисела Вода за подобрување на условите во градинките преку Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП), кој го спроведува Министерството за финансии, ќе изврши енергетска обнова на ЈДГ „Весели Цветови“ – објект „Мимоза“, соопшти Општината.
За таа цел, Општината неодамна објавила јавен повик преку кој ги повикува сите подобни и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат енергетска обнова на градинката.
Како што соопшти Општината, процесот на понудување се спроведува преку процедури за национално јавно наддавање, како што е специфицирано во упатството на Светска банка. Повикот е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
Од Општината информираат дека сите заинтерсирани подобни понудувачи во временскиот период од 08:30 до 16:30 часот информации за јавниот повик може да добијат во просториите на Општина Кисела Вода, на веб страната на Општината, на телефонскиот број 0389/022785-417 и на електорнската адреса: javninabavki@kiselavoda.gov.mk
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
