Јаулески: Време е да ставиме крај на лошите политики и на катастрофата што им се случува на младите
![]()
Македонија е држава со младинска невработеност од над 50%, држава во која ниту еден универзитет не е на Шангајската листа меѓу топ 1000 универзитети во светот, држава каде студентите чекаат да бидат сместени во студентски домови 10 дена по почетокот на студентската година, во домови во кои се служи ниско калорична храна полна со бубачки и пикавци.
Македонија е држава во која младината беше излажана од Зоран Заев.
Македонија е држава во која секој млад човек гледа да го заврши своето образование и да замине во странство. Држава во која три години се случува егзодус врз младиот човек.
Време е да ставиме крај на лошите политики. Време е да ставиме крај на СДСМ и катастрофата која им се случува на младите.
УМС на ВМРО-ДПМНЕ водена од идејата за поголема младинска вклученост во општеството и политичките текови во државата, распишува оглас за пријавување на членови за телото ТИМ МЛАДИ, тело кое активно ќе учествува како во креирањето и дооформувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ во делот на младите, така и во претстојната кампања на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните парламентарни избори.
Ги поттикнуваме сите млади кои се во последната година на студии, дипломци, постдипломци и докторанти со просек од над 8.5, а немаат навршено над 29 години да се пријават на огласот и да дадат свој придонес во активното градење на Македонија во периодот што следи. Огласот е отворен од денес и ќе трае во наредните 15 дена. Време е за младиот, образован и напред млад човек да му се даде можност да се вклучи во градењето на Македонија.
Да креираме проекти од младите за младите. Да создадеме општество во кое секој млад човек ќе сака да остане, работи и да основа семејство. Македонија може. Потребна е обнова. Обновата доаѓа. Вклучи се.
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
