-->
-->
Јапонски весник со честитки за 25-годишнината од независноста на Македонија
-->

Во реномираниот јапонски весник „The Japan Times” денеска беше објавен прилог по повод Денот на независноста на Република Македонија, во кој пригодни станови изнесуваат и амбасадорот Андријана Цветковиќ и почесниот конзул Масатаке Мацуда, соопшти македонската Амбасада во Јапонија.
- Амбасадорот Цветковиќ во обраќањето информира за позитивниот развоен тренд во билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија, притоа истакнувајќи ги најзначајните средби и настани во 2015 година- посетата на МНР Попоски на Јапонија и свечената церемонија по повод официјалното отворање на македонската Амбасада во Токио. Дополнително Амбасадорот информира и за економските и бизнис поволности во Македонија, како и големиот број активности на Амбасадата за привлекување на јапонски инвеститори во земјата, се вели во соопштението од македонската Амбасада во Токио.
Таа го поздравила и развојот на соработката во областа на здравството и започнатите обуки на македонски доктори во јапонските болнци, а изразила и задоволство од соработката со JATA која го вклучила Охрид меѓу најубавите 30 туристички дестинации во Европа.
Во овогодинешното обраќање Цветковиќ информирала и за неодамнешната елементарна непогода во Македонија, упатувајќи повик за донации за настраданото население. Со цел донирање на средства за поплавите во Македонија, Амбасадата отворила одделна сметка за донации, која е објавена во денешниот прилог во The Japan Times.
- Почесниот конзул Масатаке Мацуда во своето обраќање информираше за неодманешната заедничка посета на Хокаидо, каде амбасадорот Цветковиќ оствари множество средби со високи претставници од политичката, економската и високо-образовната сфера, се посочува во соопштението од Амбасадата.
Изрази уверување дека таквите бројни посети и средби придонесоа за зајакнување на македонско-јапонските односи што се очекува и понатаму да се унапредат со отворањето на резидентна Амбасада на Јапонија во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Груби обвинет за дело со пет години затвор, истрагата го сомничеше за проневера со казна до 20 години
-

Николоски: Протестите не се решение, со билатерални договори го решаваме проблемот на превозниците
-

„Везилка“ и студентите на ФИНКИ веќе развиваат алатки базирани на вештачка интелигенција
-

Ставен во употреба новиот АТМ систем на меѓународниот аеродром Скопје
-

Пецаков: Ова лето застапеност на туристи кои ретко доаѓале во Охрид
-

Teма на денот со Оливер Спасовски
-

25 години од Охридскиот рамковен договор
-

Артан Груби заработи обвинение, се бара и продолжување на домашниот притвор
