Јапонски грант од 2,2 милиони долари за Гевгелија и Куманово за мигрантите

Општините Гевгелија и Куманово, како згрижувачки општини кои беа директно погодени од транзитот на околу еден милион бегалци, ќе добијат грант од 2,2 милиони долари кој за нив го обезбеди владата на Јапонија преку програмата за развој на ОН.
- Двете општини покажаа голема великодушност и флексибилност во приемот на голем прилив на луѓе за кои обезбедија јавни комунални услуги во и околу прифатните транзитни центри поради што најмногу заслужија да ги поделат средствата кои непланирано ги потрошија од своите буџети, рече постојаниот координатор на ООН во нашата земја, Луиза Витон.
Од општина Гевгелија денеска информираа дека средствата од грантот ќе бидат употребени за моментните приоритени потреби поврзани со квалитетното водоснабдување и управувањето со отпадот. Во таа насока јапонската донација во Гевгелија веќе почна да се реализира со испораката на трактор за потребите на јавното комунално претпријатие, а поголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за квалитетно водоснабдување и времено решавање на управувањето со комуналниот отпад.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
