Јапонската цреша во чест на девет лица со оштетен вид
Во Градскиот Парк во Скопје, на зелената површина позади Фонтана, здравствената компанија Рош Македонија, во соработка со Универзитетската клинка за неврологија во Скопје, Македонското невролошко здружение, Секторот за комунални работи при Град Скопје - ЈП Паркови и зеленило, спроведе акција на садење на редок вид на декоративни дрвја, Јапонска Цреша (Sakura) во чест на лицата со ретката болест „Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика“ (анг. NMOSD, Neuromyelitis optica spectrum of disorders).
Активноста има за цел да ја подигне свесноста на населението и сите општествени чинители во државата за оваа ретка болест. Во Македонија живеат девет лица со оваа ретка болест и затоа, во чест на секој еден пациент, а за доброто на сите граѓани, денес се засадени девет дрвја од редок вид за нашите простори, декоративни Јапонски цреши. Воедно го одбележуваме и денот на NMOSD како ретка болест.
Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика, или скратено NMOSD се ретки, прогресивни, воспалителни заболувања на централниот нервен систем кои се карактеризираат со тешка демиелинизација, односно губење на обвивката на нервите, која посебно го напаѓа очниот нерв и ‘рбетниот мозок. Поради комплексноста на заболувањето, болеста кај овие лица најчесто се дијагностицира со потешкотии и задоцнето, кога болеста е напредната а соодветниот третман одложен или задоцнет, а притоа лицата завршуваат со инвалидитет, мускулна слабост, парализа и трајно слепило.
Јапонската цреша - Sakura, означува обнова и оптимизам во Јапонската култура. Дополнително, ретката убавина на овие цветови и краткото време на цветање симболизираат дека и животот истотака е убав но и краток, поради што секој треба да има можност да живее на свој начин и без лимити.
„Целта на оваа иницијатива на Рош Македонија, како социјално одговорна фармацевтска компанија е подигнување на свесноста за ретката болест Болести од спектарот на Неуромиелитис Оптика со садење на редок вид на дрвја, односно девет Јапонски цреши, во чест на деветте пациенти кои боледуваат од ретката болест NMOSD. Со ова, сакаме да испратиме порака дека сите граѓани на град Скопје ќе може да уживаат во нивната различна убавина, но и сите ние заедно треба да бидеме спремни да им помогнеме на оние кои се соочуваат со ретки предизвици во животот, и да ја подигнеме нашата колективна свест и хуманост“ изјави Д-р Александра Ивановска, Директор на Рош Македонија.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си