Јапонска помош за Македонија и Србија за бегалците
Владата на Јапонија одлучила да издвои 3 милијарди јени (околу 2,7 милиони американски долари) како неповратна помош, преку УНХЦР, за мерки за заштита на бегалците во Македонија и Србија од зимски услови.
Одлуката, како што соопшти јапонската канцеларија за врски во Скопје, е донесена како одговор на апелот на УНХЦР за поддршка на планот за бегалската криза во Европа во зимски услови. Грантот опфаќа мерки за одржување на прифатните центри во Македонија и Србија, со грејна и друга опрема за зимски временски услови.
Премиерот Шинзо Абе ја пренел одлуката за неповратната помош на Високиот комесар на ОН за бегалци, Антонио Гутереш, за време на нивната средба во Токио на 25 ноември 2015.
Ова е втора помош наменета за бегалците во Македонија и Србија, по 25 септември 2015 кога Владата на Јапонија одлучи да додели итна неповратна помош во висина од приближно 240 милиони јени (2 милиони американски долари) како одговор на масовниот прилив на бегалци и мигранти во Западен Балкан, преку УНХЦР, Меѓународна организација за миграција и Меѓународен црвен крст и црвена полумесечина, наменети за подобрување на условите во прифатните центри, психолошка поддршка, храна, лекови, како и зголемување на капацитетите за погранична контрола и регистрација на бегалците.
Ново на Сител
-
СДСМ бара нула данок за основната храна, предлог кој го одбија лани од ВМРО ДПМНЕ
-
Јавна расправа: Има ли спас за студентските домови во Македонија?
-
Жители на Батинци: Живееме како во контејнер оти Дрисла пушта канцерогена вода во Маркова Река
-
Хирурзи и специјалисти од приватни болници се враќаат во државното здравство
-
Кривични пријави против Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ
-
Преглед на вестите од светот
-
Филипче: СДСМ се подготвени за избори
-
Меџити: Има стабилно мнозинство, предвремени парламентарни избори се само трошок за државата